Заштита на лични податоци

Изјава за заштита на лични податоци

Интернет продавница Bella Market ја почитува и ја штити вашата приватност. Во продолжение, прочитајте како постапуваме со вашите лични податоци. Оваа изјава за заштита на лични податоци го опишува начинот на обработка на податоците што ги собираме од нашата страница (bellamarket.online), кои им овозможуваат на посетителите пристап до нашата интернет страница и користење на нашите услуги. Овој правилник за приватност е во согласност со Општата уредба за заштита на податоци на ЕУ и со локалните закони.

Правна основа за обработка на податоци
Кога обработуваме лични податоци кои се поврзани со договор или можен договор со вас, правната основа за обработката е тоа што податоците се потребни за извршување на договорот за деловни односи со вас или пред склучувањето на договорот. Ако правната основа за обработка на податоците е вашата согласност, имате право во секое време да ја повлечете согласноста, но тоа не влијае на законитоста на обработката од страна на интернет продавницата Bella Market за периодот пред повлекувањето на согласноста. Ако лични податоци ги проследуваме до органите за спроведување на законот или до други државни органи, тоа го правиме бидејќи имаме законска обврска да го направиме тоа.

Причина и цел на собирање на лични податоци
Тука се опишани главните категории на податоци што ги собираме, како и примарните цели за нивно собирање:

  • Во рамките на општите деловни процеси: Собирaме лични податоци за посетителите на интернет страницата, купувачите, добавувачите (вклучувајќи и трети лица како даватели на услуги). Податоците може да вклучуваат име, контакт податоци и други податоци потребни за деловни односи со вас или вашата организација.
  • Како помош при вашето барање: Можете да одберете да ги споделите вашите лични податоци, вклучувајќи го вашето име, е-маил адреса или други контакт податоци кога ќе не контактирате преку телефон, е-маил или пошта, користејќи ги нашите дигитални платформи или други канали за комуникација. Овие лични податоци ни овозможуваат да одговориме на вашите барања за информации, да подготвиме соодветни чекори и понуди за купување производи, и да одговориме на барања за почитување на гаранција или други барања.

Ваш надзор и одлуки
Овозможуваме одреден надзор и одлуки во врска со нашето собирање, користење и споделување на вашите податоци. Согласно локалниот закон, надзорот и одлуките од ваша страна може да ги вклучуваат следниве точки:

  • Можете да ја промените вашата одлука во врска со нарачката, примањето новости и известувања.
  • Можете да одлучите дали сакате да примате маркетинг пораки за производи и услуги за кои сметаме дека би ве интересирале.

Ако имате било какви прашања или барања во врска со ваши лични податоци, може да не контактирате преку е-маил адресата info@bellamarket.online.

Приватност и колачиња
Личните податоци на нашите корисници се област на која посветуваме голема грижа и внимание. Собраните податоци ќе се користат за да го подобриме искуството на интернет страницата и да ги прилагодиме содржините.